Бавната вакцинација го урива оптимизмот: Туризам во Европските земји дури од септември
Додека успехот на масовната вакцинација против Ковид-19 во САД го поттикна оптимизмот за повторно патување со стартот на летото, властите во Европа велат дека забавениот напредок на процесот на имунизацијата, проследен и со новите бранови на мутации на вирусот веројатно ќе значи дека туристичките патувања нема да бидат возможни сè до крајот на летото, посочува во анализата Travel Weekly.
-Не гледам дека се случува нешто во однос на отворање на цела Европа пред крајот на јули, вели Том Џенкинс, извршен директор на Европската асоцијација за туризам. „Постои можност јули да ветува нешто, но повеќето сметаат дека масовни патувања би се случиле во август, септември.
Според него, исклучок може да биде Велика Британија, која е лидер во вакцинацијата во Европа. Постојат извесни примери како што е Исланд, кога од 6 април дозволи влез на странци, но кои можат да покажат доказ за вакцина или потврда за прележана болест. Грција соопшти дека се надева дека ќе се отвори во средината на мај за вакцинираните патници. И Хрватска ги укина ограничувањата за патување за целосно вакцинирани посетители.
Повеќе прочитајте на Фактор.мк