БЕЈНОВКА- новата хит машка јакна

Ако сакате јакна што ќе го подобри вашиот стил која истовремено ќе ве стопли и заштити од студ, тогаш ова е совршен избор за вас ...

Есента е време кога треба да ја замениме нашатаоблека со потопла и подебела, а јакната ни станува главно оружје во борбата против временските услови. Сепак, што ја прави јакната совршена за сезоната есен?

Како прво, добра јакна мора да биде топла, да ве заштити од ветрот и дождот, но во исто време да го подобри вашиот стил и да ве направи вистинскиот стилски уметник.

Откривме јакна што не е толку вообичаена, а е толку добра што есента па и зимата ќе ги направи вашате омилени годишни времиња.

via GIPHY

Стефан Коман, го сврте вниманието кон јакната што со љубов ја нарече БЕJНОВКА, по популарниот негативец од стрипови и филмови во Бетмен. Ако сте го гледале филмот Темниот витез се враќа, тогаш веројатно знаете која е јакната.

Оваа кожна јакна е опремена со топли волнени материјали однатре кои ја одржуваат температурата на телото константно. 

Кожата овозможува да бидете заштитени од дожд, а големата јака ви дава можност целосно да се истакнете.

Она што особено нè изненади беше ретро изгледот на јакната, а совршено ќе се вклопи со длабоки чизми.