Во време на коронавирусот, изолацијата и социјалната дистанцираност, не значи дека не треба да се грижиме за изгледот.
Поранешниот Англиски фудбалер, трендсетер и инфлуенсер, Дејвид Бекам ја потстрижа својата коса по која е познат, па објави фотка на Инстаграм.
Тој е познат по „бесните“ фризури ноз годините, а многу мажи ширум светот го копираа неговиот имиџ.
Сега Бекам е потстрижан на „кец“ и
добро му стои. Не е прв пат, но промената е добредојдена во овој период кога
сите се дома, а тој сакаше да докаже дека не мора да се оди на фризер ако не е
дозволено, туку дома може да си создаде нова фризура.