Бен Афлек призна: „Или да пијам или да се убијам“

Бен Афлек не се воздржа кога требаше да го опише своето искуство со работа на Justice League на DC.

Тој за странските медиуми призна дека целата снимка е „најлошото искуство досега во бизнис кој е полн со некои посрани искуства“.

Продукцијата на „Лига на правдата“ беше славно проблематична, прво со излегувањето на Снајдер од проектот по семејна трагедија. Снајдер беше заменет со Џос Видон, а конкурентната визија на Видон резултираше со разделен филм кој критичарите и обожавателите го карактеризираа како најлош можен.

Афлек призна дека снимањето во Лондон, откако дошол Видон, го натерало да пие премногу. Тој рече дека искуството го направило несреќен.

Беше тешко. И почнав да пијам повеќе. Се вратив вохотелотвоЛондон, и ситуацијата беше илидапијам премногу или да скокнам низ прозор. И само си помислив: Ова не е животот кој го сакам. Моите деца не се овде. Патетичен сум“, призна Афлек.

Сметаше дека „Лига на правдата“ не вреди и дека тоа е проект што го доживеа својот крај.

„Дојдов до момент кога не го сметав за креативно задоволување. Исто така, бев уморен и исцрпен. И си помислив: „Не сакам да бидам дел од ова на кој било начин. И не сакам повеќе да си го трошам животот, кое го имам ограничено“, се сеќава актерот.


Фото: Youtube - screenshoot