Бесеже вакцина промаат австралиски и холандски доктори

Во Австралија, од денеска илјадници медицински работници доброволно примаат бесеже вакцината, за да може во иднина да се види  дали најновите научни сознанија навистина докажуваат дека вакцината против туберколоза во голема мера штити и од корона вирусот. Клинички испитувања за дејството на бесеже, на околу 1000 здравствени работници веќе почна и во Холандија, а резултатите се очекуваат за три до шест месеци. Давање на вакцината на населението не се препорачува додека не се утврдат можни нус појави.

Најновата студија на научници од Ирска и од САД, покажува дека во државите каде се спроведува имунизација со бесеже вакцини, популацијата помалку се заразува и има помалку смртни случаи.

Иако се уште без клинички испитувања, научниците во САД и во Ирска воочиле одредени показатели според кои во државите на поранешниот комунистички блок, смртноста од Ковид 19, како и инфицирањето на населението со новиот корона вирус е значително помало од останатите земји каде во минатото немало имунизација со вакцината против ТБЦ. Такви се поранешните советски држави, сите поранешни комунистички и социјалистички држави од Источна Европа, наспроти САД, Италија, Шпанија кои сега бројат најмногу жртви од вирусот. Ова го покажува студијата на ирскиот медицински експерт Пол Хагерти кој работи со врвни епидемиолози на Универзитетот Тексас во Хјустон. „Ајриш тајмс” денеска ги пренесува зборовите на др Хегарти кој вели: Досегашната анализа преведена во бројки значи дека стапката на смртност е и до 20 пати помала. 

Целиот текст можете да го прочитате на Фактор