Беше најголемиот заводник во СФРЈ, се ожени со внуката на Тито: Денес едвај врзува крај со крај
Беше познат по тоа што многумина го споредуваа со големиот заводник, холивудскиот актер Ричард Гир, па затоа го доби прекарот „Гирод Стара Југославија“
Тој е 56-годишниот хрватски театарски, тв. и филмски актер, Ранко Зидариќ, кој дипломирал на Академијата за драмски уметности во Загреб во 1990 година. Така стана член на Драмски театар Гавела. Тој беше во брак со Саша Броз во 90-тите години, внуката на Тито, со неа има ќерка Сара, а во моментов е во брак со Ивана Ухлик, со која ја доби ќерка Зора.
Денес тој е слободен актер и ретко зборува во јавноста за неговите ангажмани во театарот и избегнува интервјуа.
Овој актер имал повеќе од педесет улоги во филм. Дебито го оствари во 1988 година во филмот на Зафрановиќ „ Haloa: Praznik ku*vi “, заедно со актерката Неда Арнериќ.
И токму кога неговата кариера се движеше во нагорна линија се случи нешто со него и тој престана да биде така популарен. Едноставно се повлече од медиумите, но не и од театарот.
Денес, тој е далеку од светскиот гламур и едвај врзува крај со крај.