Беше озлогласен алкохоличар, па растури во финалето на „Ѕвездите на Гранд“: Публиката скандираше „Сале,сале“
Вкупно 16 кандидати влегоа во финалето на популарниот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а по првиот круг останаа само осум од нив.
Меѓу оние кои отидоа понатаму беше и Македонецот Александар Јосифовски, чиј ментор беше Ѓорѓе Давид.
Ѓорѓе Давид во едно од своите интервјуа истакна дека неговиот најголем успех е тоа што успеал да го излечи Александар од алкохолизам.
Фото: screenshot- Вака лани го прашав Поповиќ што се случи, зошто не помина понатаму. Вели- Ѓоле, некако ми е мртов, нема енергија, нема сила.“ Овој човек што стош пред нас беше озлогласен алкохоличар, минатата сезона и оние таму. Имаше сериозни, страшни проблеми со алкохолот, не можеше да се отрезни, не знаеше кога е ден, а кога ноќ. Оваа сезона кога го вратив, имав само еден услов - да прими блокатори и да заборави на алкохолот ако воопшто сака да влезе во приказната, затоа што видов кои се луѓето што се натпреваруваат овде, ја даваат својата младост, енергија, сè за сцената, и тој се согласи на тоа - изјави неговиот ментор.
Инаку, рокерот во вториот дел од натпреварувањето ги воодушеви сите со изведбата на песната „Црна дама“, на групата „Смак“, поради што доби аплауз од публиката, но и скандирање „Сале,Сале!“.
Сепак на крајот победата ја однесе 19-годишниот Нермин Ханџиќ, чиј менор беше Вики Миљковиќ.
*Ме чуди тоа што кога ќе дојде финалето на „Ѕвездите на Гранд“, луѓето од Македонија воопшто не гласаат за своите: Искрено интервју со Ѓорѓе Давид