Беше зависник од се*с, мораше на лечење, а жените го обожаваа: Сега изгледа непрепознатливо-што се случува со неговото лице?

Дејвид Духовни по петгодишна пауза се врати на актерството и на тој начин воодушеви многу фанови.

Американскиот актер Дејвид Духовни светската слава ја стекна во култната серија „Досиеја Х“ во која заедно со Џилијан Адерсон ја играше главната улога, а од тогаш поминаа речиси 30 години.

Дејвид во август годинава ќе го прослави својот 62 роденден, а неодамна се врати на актерството, откако пред пет години реши да направи пауза и да се посвети на пишувањето и пеењето. Покрај споменатата култна серија, тој постигна голем успех и во серијата „Калифорникација“ како Хенк Муди, а деновиве го снима и новиот филм „The Estate“, а ќе игра и во новата романтична комедија „Што се случува подоцна“ со Мег Рајан во главната улога. 

Во „The Estate“ заедно со Дејвид ќе се појават Тони Колет, Ана Фарис, Кејтлин Тарнер и Розмари Девит, а актерот кој со години е миленик на жените на сетот е снимен во речиси непрепознатливо издание - со мустаќи кои му го красеа лицето. Сепак, тој покажа дека се‘ уште се држи феноменално и дека е во одлична форма, а тоа го покажуваат и фотографиите од плажа. 

Покрај успешниот бизнис, Дејвид имал и прилично турбулентен приватен живот, а во 2008 година признал дека се пријавил во центар за рехабилитација поради зависност од секс, а истата година неговиот ПР објави дека се развел од сопругата Теа Леони. Парот се смируваше и се разделуваше во следните години, а во 2014 година и официјално се разделија. 

Медиумите често шпекулираа дека тој често ја изневерувал сопругата, но никогаш немало цврсти докази за тоа. Со Теа и денеска е во добри односи поради децата, а на поранешната и плаќал алиментација од 300.000 денари месечно.


Фото: Профимедиа