Без Македонија за жал: Екс Ју земјте во топ 40 најубави на светот

Хрватска, Словенија и Црна Гора се меѓу 40-те најубави земји во светот, според критериумите на списанието „Conde nast traveller“, објави порталот Загреб Индекс.

Три земји во регионот се најдоа заедно со некои од најпопуларните дестинации во светот како Нов Зеланд, Костарика, Австралија, Кенија, Тајланд и Јапонија. Хрватска ја опиша ова светско списание како земја на „прекрасни пештери, ридски полиња и бели песочни плажи“.

За Словенија е напишано дека е земја со различна понуда - од Алпите, преку езерото Блед до прекрасни зелени шуми.

И Црна Гора е опишана според зборовите на поетот Бајрон, кој рече дека тоа е „најубавата средба со земјата и морето“.

Македонија за жал не е на листата.