Без влакна на јазикот: Овие три знаци ги очекува викенд полн расправии

Близнаци

Толеранцијата ќе го достигне највисокото ниво во вас и буквално ќе експлодира. Не сте навикнати да правите сцени за ситници, но личност од минатото ќе ги тестира вашите граници на бес. Нервозата ќе ви биде краткотрајна, но зборовите ќе ги бирате со умисла и точно насочени каде да удрат. Вашите аргументи ќе бидат во предност, бидејќи многу е полесно кога ја знаете слабата точка на спротивникот. Бидете мудри, во секој случај, само така можете да ја надвладеете целата ситуација.

Девица

За вас расправиите се научна фантастика, но овој викенд дефинитвно ќе ви попуштат нервите. Веќе подолго време војувате сами со себе во вашата глава. Дилеми, неодговорени прашања, несигурност. Време е за акција. Но, токму во тој момент кога јасно и гласно ќе ги истакнете пречките, ќе влезете во расправија која повторно ќе ве завлече во кругот на минатото. Заборавте го минатото и простете, ако сакате да имате мирна сегашност и среќа во животот.

Јарец

Расправиите се вообичаена работа за вас, но не и кога не одат во ваша полза. Поразени и побиени со зборвои, овој викенд ќе западнете во расправија со многу посилен противник од вас. Реалноста знае да боли многу повеќе од вашите идеални навреди и одбрани. Прифатете нечија друга перспектива, барем еднаш во животот. Нека тоа ви биде предизвик од кој ќе научите нешто ново. Заборавете го вашето его за миг, ако сакате се да биде во ред.