Би сакал татко ми да е жив и да си игра со син ми: Марко Луис проговори за големиот музичар и тешкиот период

Марко Стојановиќ Луис призна дека е многу горд што е син на голем музичар, но истакна дека никогаш не се фалел со тоа.

-Ми недостасува мојот татко. Би сакал да можам да видам како би уживал со својот внук. Каква би била неговата реакција, а од друга страна би сакал и да видам што има да каже за мојата кариера и музика. Верувам дека би бил горд – вели Марко.

-Не ми беше тешко поради тоа. Имаше неколку коментари за тоа дека Луис ми е татко, но тоа е нормално. Меѓутоа, доста луѓе не знаеја дека сум син на Луис. Јас секогаш се гордеев со тоа, но никогаш не се фалев – вели Луис помладиот.

На прашањето дали некогаш неговиот татко знаел нешто да му пререче или да го скара кога е музиката во прашање, Марко вели:

-Секако, но секогаш на крајот ќе ми нагласеше дека треба да направам онака како што јас мислам. Знаеше да ми каже: „На мене ова не ми се допаѓа, но направи како што ти сакаш, немој да ме слушаш мене. Ако можам да ти помогнам, во ред“.