Бидете дел од бесплатниот вебинар на КИБС и Nextsense: „Како до еволуција и раст на вашиот бизнис со OneID“
КИБС и Nextsense организираат бесплатен интерактивен вебинар под наслов „Како до еволуција и раст на вашиот бизнис со OneID“ кој ќе се одржи на 21 март 2024, со почеток од 14 часот.
Како директен резултат на глобалните текови и рапидниот раст и развој на полето на дигиталната трансформација, услугата OneID беше лансирана при крајот на 2021 година како прва македонска услуга за електронска идентификација изработена и сертифицирана согласно европските стандарди и европската регулатива еIDAS и согласно македонскиот Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. OneID е услуга за електронска идентификација на граѓаните на далечина при користење на онлајн услуги од правни лица која овозможува онлајн-идентификација на корисници преку мобилен уред со високо ниво на доверливост.
За многу краток период, Оne ID беше препознаена и имплементирана во работата на неколку водечки компании во земјава, па токму поради зголемениот интерес во бизнис-секторот, КИБС и Nextsense на специјален настан ќе ги претстави досегашните позитивни искуства, придобивките и предностите кои произлегуваат од нејзината имплементација. На овој вебинар, говорниците Сузана Тасевска и Виктор Крстевски ќе ги опфатат следниве теми:
Што е електронскиот идентитет и со кои предизвици се соочуваат компаниите при верификација на идентитетот? Кои се потенцијалните ризици?
Што е OneID, како функционира и за кого е наменет?
Како OneID ќе го подобри корисничкото искуство преку поедноставување и забрзување на процесите како што се отворање сметка, потпишување документи и пристап до услуги?
Каква е моменталната законска регулатива на полето на верификацијата на електронскиот идентитет? Како OneID e усогласен со релевантните закони, индустриски стандарди и рамките за заштита на податоци?
Вебинарот ќе има интерактивен карактер, што значи дека присутните ќе добијат можност да поставуваат прашања во врска со услугата OneID и нејзината имплементација. Заинтересираните за учество на вебинарот „Како до еволуција и раст на вашиот бизнис со OneID“ можат да го регистрираат своето присуство на следниот линк: https://bit.ly/3IjG4no и да го направат првиот важен чекор кон дигитална трансформација на нивните компании.
ПР објава