„Бидете внимателни, не се предавајте на тагата, не се обесхрабрувајте- Бог е со вас“: Совети од монасите од Хиландер
Ви носиме вредни совети од Хиландар кои ја лекуваат душата од сите проблеми и неволји
Мудростите од Хиландар секој верник треба барем еднаш неделно да ги чита и применува дел од нивните совети.
Епископот Мелентије Хиландарац, роден како Љубомир Вујиќ во Ваљево во 1857 година, бил епископ Тимочки и подвижник од Хиландар. Кога се замонашил, го добил името Мелантија.
Ова се некои од неговите мудри совети кои секој треба да ги прочита.
-Што и да одберете да правите, работете трпеливо и Бог ќе ви помогне во сè, што и да ви се случило.
-Бидете внимателни, не се предавајте на тагата, не се обесхрабрувајте- Бог е со вас.
-Бидете расположени во сè што правите според волјата Божја.
-Не жали и не тагувај поради лошите мисли што те напаѓаат, бидејќи Господ нема да те заборави, особено ако машки ги отфрлиш оние мисли што те вознемируваат. Истовремено, тоа ќе ви послужи во вашиот духовен напредок, во кој ќе ви помогне и Божјата благодат.
-Храброста и херојството е цврстина во вистината и одбивање на нападите на непријателот. Ако не отстапите, тие ќе се повлечат и повеќе нема да ви пречат.
-И дење и ноќе, спомни си ги гревовите и тагувај по нив.
-Нека твоето лице има секогаш тажен изглед, за да живее во тебе стравот Божји.
-Не мисли за себе дека вредиш ништо.
-Сакајте го смирението, тоа ќе ви ги покрие сите гревови.
-Бидете понизни сите денови од вашиот живот.
-Сметајте го оној кој е послаб од вас во добрите дела за ваш рамен, а оној што ви е рамен за многу поголем од вас.
-Не дружете се со гордите, туку со кротките и благите.-Бидете скромни во сè: во движењето на телото, во говорот, во облеката, во седењето, во стоењето, во вашата соба, во сè, пред секого и сè.
-Ако сте пофалени за вашите добри дела, не радувајте се и не уживајте во тоа. Скријте ги вашите добри дела колку што можете повеќе. Не дозволувајте некој да ги изнесе и обидете се да не дозволите луѓето да ве фалат.
-Ако некој ви суди за грев што не сте го направиле, не се лутете, туку смирете се и Бог ќе ве награди за тоа.
-Навикнете го јазикот да вели „прости ми“, и во тебе ќе се насели кроткоста .
-Ако некој воопшто те навреди, одговори му со „прости ми брате“, бидејќи ваквото смирение ги уништува сите ѓаволски стапици.
-Сакаj ja работатa. Бидете покорни на секого и на се. Твојата уста нека биде трпелива, и ќе станеш кроток. Кроткоста и смирението ќе привлечат врз вас простување на сите ваши гревови.
foto: Screenshot Instagram