Имала 170 кг, а денес изгледа како модел: Тврди дека ќе се самоубиела од прејадување доколку не го направела ова

Кели Берт тежела 170 килограми, потоа се подложила на операција на гастричен бајпас и се трансформирала во модел.
Денес, Кели Берт од Нов Зеланд изгледа како сосема друга личност, а нејзината неверојатна трансформација остава без здив.
Во март минатата година таа тежела 150 килограми, но вели дека само шест недели пред тоа тежела дури 170. Иако се чинело дека нема излез за неа, таа донела одлука да промени сè.
„Бев очајна и целосно отсечена од светот. Пробав секаква диета, секој лек што постои, ништо не помогна“, рекла таа.
Таа ја пронашла својата последна надеж во операција за намалување на желудникот.
„Да не ја добиев таа шанса, сигурна сум дека ќе се самоубиев со прејадување. Кога се разбудив од анестезијата, мојот мозок беше неверојатно мирен. Како да знаеше дека ова е пресвртница“, рече Кели.
Набрзо ослабела 80 килограми, а хирурзите отстраниле 80 проценти од нејзиниот желудник. Денес, Кели гордо зборува за животот „потоа“. Живот во кој повеќе не јаде 10 бургери, две порции помфрит, две бурита, две големи пици и слатки, сè во еден ден.
„Потрошив огромни суми пари на храна. На крајот, не можев ниту да облечам долна облека сама. Паднав во депресија, престанав да излегувам од дома. Денес живеам сосема поинаку. Операцијата беше најдоброто нешто што го направив за себе“, заклучила таа.
Фото: ИнстаграмИзвор: Stil.kurir.rs