Биди и Ти дел од престижниот Лондон Мет и стекни се со високо вреднувана британска државна диплома

Веќе 3та година македонските студенти имаат можност да студираат и да се стекнат со британска државна диплома, и тоа во Скопје. Преку соработката на Скопје Метрополитaн Колеџ со престижниот Лондон Метрополитен универзитет сега можете да се стекнете со светски престижна диплома.

Лондон MET е реномирана високообразовна институција со седиште во Лондон.

Традицијата, квалитетот на студиите и извонредноста на наставата го прават светски реномиран универзитет и избор на секој иден студент во светот. Студиските програми вклучуваат активности кои ја стимулираат интелектуалната љубопитност, имагинацијата и рационалното размислување, а главен акцент се става на стекнување практични вештини и едукација преку богатата библиотека на книги и трудови од сите реномирани лица што се вклучени во процесот на Лондон Мет.
Дипломата стекната на Лондон MET е високовреднувана и препознаена во светот. За тоа сведочат и огромниот број на студенти, кои по завршувањето на студиите станале дел од реномирани светски компании.

Уписите се веќе започнати, а сите заинтересирани лица што сакаат да бидат дел од третата генерација македонски студенти на Лондон МЕТ имаат можност преку врвен образовен процес, скроен по британски терк, да се стекнат со врвно знаење и експертиза и да учат под менторство на реномирани светски професори.

Биди и Ти дел од успешната приказна и придружи ни се.

За повеќе информации околу студирањето на Лондон Мет во Скопје посетете ја страницата www.skopjemetropolitan.edu.mk или јавете се на 023140004

ПР објава