Бијонсе и Џеј Зи ја купија најскапата куќа некогаш продадена во Калифорнија ФОТО
Музичарите Бијонсе и Џеј Зи купија вила во Малибу за неверојатни 200 милиони долари.
Со ова купување парот го собори претходниот рекорд по цена на куќи во Калифорнија. Имено, ТМЗ пишува дека оваа куќа е најскапата досега продадена во Калифорнија. Пред неа најскапа била куќата на Марк Андрејсен, кој за својата вила во Калифорнија платил 177 милиони долари.
Вилата вредна 200 милиони е изградена од сиров бетон и има прекрасен поглед на океанот. Комплексот е во облик на L, а во пространиот двор има и базен. Куќата, изградена со високи бетонски ѕидови со многу простор, е дизајнирана од јапонскиот архитект Тадао Андо, кој работи и на куќата на Канје Вест во Малибу.
Андо е добитник на Прицкеровата награда и е познат по своите уникатни бетонски конструкции во Азија, Европа и Северна Америка. Куќата била во сопственост на Вилијам Бел, познат колекционер на уметнички дела. Тој го купи имотот за 14,5 милиони долари во 2003 година. Бетонската конструкција на куќата е изградена пред речиси 15 години.
Откако Бијонсе и Џеј Зи се венчаа во 2008 година, парот инвестираше во голем број различни имоти. Тие поседуваа и продаваа куќи во Њујорк, Њу Орлеанс, Хемптонс, Мајами и Лос Анџелес, пишува Architectural Digest.