Ова е најнеобичната куќа во светот: Има само 57 метри квадратни, во неа живее петчлено семејство - кој и да ја види се чуди

Оваа куќа е доказ дека Јапонците навистина живеат во иднината. Необичен дизајн со дневна соба без покрив воодушевува многумина

„Отсекогаш сум сакал да живеам под отворено небо, затоа направив дневна соба која наместо таван има - небото“, вели уметникот и архитект Заџирог, кој дизајнирал и изградил дом за себе и за своето семејство.

Сместен во областа Сугинами во Токио, дом на многу манга уметници, куќата со отворен покрив е на уметникот и архитект Заџирог, неговата сопруга и нивните три деца. Заџирог дизајнираше голем централен двор на отворено и го покри со ткаенина кој личи на едра што може да се повлече. Семејството го користи дворот како дневна соба, која е опремена со мебел за кампување кој може да се намокри или по потреба брзо да се премести. 

„Кога планирав да изградам дом, не сакав да имам покрив над дневната соба, дел од куќата ја претворив во двор. На првиот кат, со лизгачки стаклени врати, има кујна, бања и тоалет на првиот кат се студиото, спалните соби и балконите кои се свртени кон внатрешноста на куќата, а не кон надворешноста“, објаснува архитектот.

Куќата е само 57 квадратни метри и однадвор изгледа како обична бела коцка. Интересно е што сопственикот инвестирал во надворешниот двор, па тој пред куќата не постои. Штом ја отвори влезната врата е во отворена дневна соба, а наместо праг има одвод на дождовница. 

Подот е од бетон и не е покриен, па затоа е лесен за одржување.

Уметникот и неговата сопруга, како и децата, спијат на тенки патосници на подот. „За светот ова е чудно, но не и во Јапонија. Сакаме да спиеме на подот и ни е погодно бидејќи собата може да се користи за повеќе намени“, вели уметникот.

Погледнете како изгледа целата куќа во видеото:


Фото и Видео:Youtube