Бијонсе и Џеј Зи повторно во Хрватска: Телохранителот кој претепа новинар не е со нив (ФОТО)

Бијонсе и Џеј Зи повторно во Хрватска: Телохранителот кој претепа новинар не е со нив (ФОТО)

Славниот пар моментално е на Јадранот со своите наследници на супер луксузна јахта.

Атракција на хрватското приморје деновиве е огромна јахта на која може да се видат познатиот брачен пар Бијонсе и Џеј Зи. Овој пат папараците ги уловија како се одмараат закотвени во Цавтат. И додека раперот лежеше и замислено гледаше во далечината, Бијонсе, очигледно поенергична, постојано се движеше и се обидуваше да фати уште неколку сончеви зраци.

Парот на јахтата престојува со трите деца, а можеше да се забележи дека покрај помошници има и телохранители и дадилки. Ова не е првпат музичките ѕвезди да се во Хрватска. Тие во 2009 година беа фотографирани во Дубровник и Цавтат, а одморот во тој период ќе им остане во сеќавање поради инцидентот во кој нивниот телохранител нападна хрватски новинар. Епилогот на инцидентот бил прекршочна пријава и парична казна, кој нивниот вработен морал да ја плати поради нарушување на јавниот ред и мир.

Нивната јахта вчера се упати кон Корчула, каде што одат секогаш кога ќе ја посетат, а се верува дека како и секој пат кога ќе бидат во Хрватска, ќе го посетат и малиот остров Врник, каде во тамошниот ресторан ќе уживаат во медитеранските специјалитети. При претходната посета тие направија и заедничка фотографија со домаќините во Врник, која ја објавија многу подоцна, почитувајќи ја приватноста на нивните познати гости.

View this post on Instagram

A post shared by Vrnik Arts Club (@vrnik.arts.club)



Фото: Инстаграм/Профимедиа