БИОТЕК групација со нова поликлиника во центарот на Скопје
Биотек групацијата ја проширува својата палета на услуги и од вчера е отворена новата Поликлиника Биотек, во центарот на Скопје. Поликлиниката ќе работи со дејностите: педијатрија, гинекологија, интерна медицина, трудова медицина и трансфузиона медицина. Дел од докторите кои ќе работат во поликлиниката се
Д-р.Спец.Субспец. Татјана Баевска Вучковиќ Педијатар – Пулмоалерголог, Д-р Катерина Василева Димовска, специјалист педијатар, Д-р сци. мед. Ирена Андонова, специјалист по гинекологија и акушерство, Д-р Зоран Михајловски, специјалист по интерна медицина, специјалист по семејна медицина, Прим. Д-р Вељо Калајџиски, Примариус-специјалист по трудова медицина, Доц. Д-р Емилија Велкова, специјалист по трансфузиона медицина.
“Како едни од лидерите во медицинската област голема чест и предизвик ни претставува да отвориме нова гранка во нашето работење, Биотек Поликлиника. Се потрудивме да им обезбедиме на нашите пациенти врвни доктори, современа опрема и ординации, каде ќе бидат сигурни дека нивното здравје е во вистински раце.”, изјави директорката на Биотек - Анкица Синадинова Базерко.
Како корисници на здравствени услуги опфатени се сите возрасти, од новороденче до возрасни и стари лица. Најмалите пациенти имаат можност за следење на раст и развој, совети за здраво растење во однос на правилна исхрана и дијагноза и третман на болно дете, невролошки преглед и консултации, ЕЕГ дијагностика со современ апарат за дијагностика како и ултрасонографски преглед на мозок и дијагностика. Педијатриските услуги вклучуваат стручно субспецијалистички преглед, иследувања и дијагноза во област на пулмологија со алергологија, преку инвитро алрергиски тестови, спирометрија, кожни тестови, водење на дете со астма, атописки дерматити, сезонски и целогодишни алергии. Гинеколошко акушерските услуги опфаќаат следење на женско здравје преку гинеколошки прегледи , ПАП тестови, ХПВ типизација, преглед на дојки, ултразвучни прегледи 2Д, колор доплер, колпоскопија, ултразвучна дијагностика 3Д. Прегледите во ултра современа амбуланта каде што сите апарати се последен модел на медицинска технологија во светот. Со медицина на труд се овозможува достапност на услугата која опфаќа систематски прегледи, периодични, насочени, лекарски уверенија за работоспособност и за возачи.
Специјалистичката ординација по интерна медицина, доближува интернистички преглед по системи, ултразвучна дијагностика на абдомен, тироидеа, срце, доплер на каротиди, ЕКГ холтер и АБП холтер, овозможени со најосвремена медицинска апаратура, совет за исхрана, превентивни совети, контрола на хронични заболувања, како и специјалистички прегледи во домашни услови.
Од областа на клиничка трансфузиологија во однос на дијагноза, третман, следење и препораки се овозможуваат специјалистички консултации во соработка со Биотек лабораторија.
Компанијата Биотек е основана 1999-тата година со основна дејност работа со медицински потрошен материјал и опрема за клинички и индустриски сектор. Во 2015та Биотек го прошири своето работење и отвори ланец лаборатории во Скопје. Биотек лабораториите претставуваат прва специјалистичка лабораторија направена по водечки стандарди и опремена со најсовремени технолошки апарати. Во тек е и отворањето на прва приватна генетска лабораторија во Македонија.
ПР објава