Бизарна ситуација: Владата на САД во потрага по шише виски од 5.800 долари
Владата на САД се обидува да открие каде заврши шишето виски
од 5.800 долари што Јапонија го донираше на поранешниот државен секретар Мајк
Помпео, а се чини дека
исчезна, пишува весникот „Њујорк
тајмс“.
Јапонските власти донираа шише од овој скап алкохолен пијалок на Стејт Департментот на 24 јуни 2019 година, но додека Помпео беше во посета на Саудиска Арабија, не е јасно дали тој го примилподарокот.
Според сегашниот закон, американските владини претставници имаат право да чуваат подароци во вредност до 390 долари, а поскапи подароци можат да гиоткупат.
Њујорк тајмс цитира неименувани функционери кои тврдат дека владата никогаш не го купила тоа шише виски, кое исчезнало.
Невообичаено е Стејт департментот јавно да објави дека не знае каде завршил подарокот на друга држава.
Адвокатот на Мајк Помпео рече дека поранешниот државен секретар, кој во кариерата беше и шеф на ЦИА, не знае ништо за судбината на скапото шише.
Фото: EPA