Бизнисменот Кирил Лазаров: 100.000 стари жители повеќе и 200.000 млади луѓе помалку е огромниот предизвик по економската одржливост на државата, а не што сме по вера и нација
Како луѓе исправени пред Бога, сите сме исти и еднакви, без разлика на националност, вера, боја на кожа и слично. Како луѓе исправени пред државата и нејзините национални интереси и уставот и законите, воопшто не е важно колку сме Македонци или Албанци, православни или муслимани, вели бизнисменот Кирил Лазаров, сопственик на Никоб групацијата и претседател на Македонско - бугарската стопанска комора.
„Ние сме демократска држава и симбол на интегрирање на различностите и токму тоа е нашата најголема сила. Најважно е колку сме, колкаво работоспособно население имаме, која е структурата во образованието, вработеноста, односно невработеноста, а со тоа и економската моќ на државата. Јавно апелирам, мобилизирање на сите економски, стопански и бизнис чинители во државата за подготовка на конечна, суштинска и сеопфатна економска стратегија и образовна платформа прилагодена врз овие структурни статистики за да ја спречиме белата чума и да се задржи во државата она што останало, вели Лазаров.
Додава дека е погубно за државата и економијата губиток на скоро 200.000 луѓе.
„100. 000 стари жители повеќе и околу 200.000 млади луѓе помалку е вистинската главоболка и огромен предизвик по националната безбедност и економската одржливост на државата. Ни треба развој и нов почеток, вели Лазаров.