Black Friday 2021 во А1 Македонија со екстра попусти за смарт телефони
А1 Македонија со задоволство најавува нови атрактивни поволности по повод месец на Black Friday,со акција преку која корисниците добиваат можност за избор на нов смарт-телефон, со одлични ценовни придобивки.
Во рамки на Black Friday понудата, корисниците имаат можност да ги изберат одличниот Samsung Galaxy A32, достапен за само 299 денари месечна рата, Huawei P40 lite, достапен за 99 денари месечна рата, или Xiaomi Mi 11 lite 5G, достапен за 589 денари месечно, со избор на тарифниот модел A1 Neo M+, како и многу други модели по намалени цени.
Тоа што овој Black Friday го прави уште подобар е дополнителната придобивка преку онлајн каналите за продажба, каде корисниците може да изберат смарт-телефони со намалување и до 63%, како што се Samsung Galaxy A03s, достапен за 69 денари месечна рата, Huawei P Smart 2021 достапен за 49 денари месечно, како и Xiaomi Redmi 9T + Mi Band 3, достапен за 59 денари месечна рата, само со избор на A1 Neon+ тарифниот модел.
Целата понуда на телефони корисниците може да ја видат на официјалната веб страница на А1 Македонија, на следниот линк.
Понудата е достапна и важи за корисници на мобилни услуги, со активација на нов или обнова на постоечки корисничкиот договор, преку сите достапни канали за продажба, со договорна обврска од 24 месеци.
Промоцијата Black Friday трае до 28ми ноември, а количините се ограничени.
ПР објава