Спорт // Спорт
Благоја Милевски денес со список на играчи за дуелите со Грузија и Бугарија во Лигата на нации
Македонската фудбалска репрезентација, на 23 и 26 ноември, се среќава со Грузија во Тбилиси и Бугарија во Скопје.
Последни два дуели за првата позиција во нашата групата 4 од Ц-лигата на нации.
Грузија е прва со 10 бода ред Македонија која има 7, во Скопје загубивме со 3-0, а сега на 23 ноември бараме висока победа во Тбилиси.
Три дена подоцна во Скопје гостува Бугарија со која одигравме нерешено 1-1 на гостувањето.
Македонија бара 6 бода од двете средби, и кикс на Грузија против Гибралтар во последното коло за првата позиција, тешка, но не и неостварлива „мисија“ за нашиот национален тим.
Селекторот Благоја Милевски, денес на прес-конференција ќе ги соопшти имињата на играчите со кои одиме на последните две средби.