Блазеси му на оној што не те видел во живо: Фан дрзок кон Карлеуша

Откако е дел од српското шоу „Ѕвездите на Гранд“, музичката дива Јелена Карлеуша постојано „сервира“ различни стилови на облекување, најчесто ексцентрични, секси и такви кои ѝ стојат совршено. На едно од изданијата, облече краток фустан во црвена боја, а тоа на нејзините обожаватели многу им се допадна. Ама еден фан, под фотките кои ги објави на Инстаграм и напиша: 

„Блазеси му на оној што не те видел во живо“, алудирајќи веројатно на тоа дека на фотки изгледа бомбастично, а во живо не е таква.