Боб Гелдоф: „Идејата за коренот на идентитетот е најголемиот проблем на светот“
Боб Гелдоф, ирски музичар и познат светски хуманитарец, на една прес конференција изјави дека заеднички е возможно да се реши проблемот со сиромаштијата, кој сам по себе носи и други проблеми, помеѓу кои е и проблемот со идентитетот.
„Идејата за
коренот на идентитетот е оргомен проблем во светот“ – изјави музичарот за
новинарите, кои во 1985 година на стадионот Вембли го организираше познатиот
концерт „Live aid“ за
гладните во Етиопија.
Гелдоф потенцираше дека некогаш рокенролот беше изворот на идеи, централната точка на културата, додека денес таа улога им припаѓа на паметните телефони.
„Во мое време тука беше рокенролот, имав само 12 години кога ги слушав елементарните изведувачи, вклучувајќи го и Дилан, кои сите до еден зборуваа за промени. И така сите почнавме да ги менуваме работите“ – рече Боб на прес конференцијата, пренесува Блиц.
На прашањето за можноста за фузија на ирската музика и џезот, Гелдоф рече дека ирската музика е „многу стара и елегантна, па дури и во најпримитивна форма, џезот е многу елегантен“.
Тој изјави дека повеќе претпочита блуз, отколку џез и дека на 15 годишна возраст настапил во Даблин со Џон Ли Хукер.
„Се уште настапувам со „Boomtown rats“, а претходната недела го завршивме новиот албум, но дел од мене сака да направи нешто внатрешно, така да соло бендот со кој свирам од 1996 година го задоволува тој дел во мене. Тие се неверојатна група музичари и имаат настапувано со многу други познати музичари“ – кажа Гелдоф.
Боб исто така истакна, дека единствената личност што успеала да ја комбинира ирската музика со џезот е Ван Морисон, со кој свиреле сите негови музичари.