Спорт // Спорт
Бојан Најденов има нов клуб, ќе настапува во Локомотив Ташкент
Бојан Најденов од Академија Пандев се пресели во Узбекистан, ќе игра за екипата на Локомотив Ташкент.
Најденов не се двоумеше и го избра овој клуб, претходно играше во оваа земја за екипата на Навбахор.
Ова ќе биде ново искуство за Најденов, а досега во кариерата играше за Турново, Миравци, Работнички и Вардар во Македонија, надвор од границите на државата настапуваше за Смуха, Естегал, Лачи и Навбахор.