Боки 13 ја дочека пресудата во луксуз: Версаче и Диор за крај
Бојан Јовановски-Боки 13 е осуден на 9 години затвор за
примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Катица Јанева на
7 години затворска казна за злоупотреба на службената положба и овластување во
случајот „Рекет“. Во казната затвор им се пресметува и времето поминато во
притвор.
Тој во судницата се појави како на модна писта, брендиран како и секогаш, а вкупната вредност на облеката која ја носеше достигнува и над 5000 евра.
Највпечатлива беше марамата од брендот „Версаче“. На официјалната страна на брендот цените на марамите со 100 % свила и бароко шари изнесуваат од 350 евра па нагоре. Неговата и според големината и според шарите изнесува 850 евра.
Синото палто кое го носеше и според кројот и според дизајнот најверојатно е од брендот „Диор“ со цена од вртоглави 2.400 долари.