Болеста на Надал повеќе не е тајна, тенисерот доживува агонија
Болеста на Рафаел Надал е главната тема во спортскиот светски печат. За славниот тенисер се вели дека има силни болки и се уште се утврдува прецизна дијагноза, бидејќи наводно легендарниот Шпанец страда со години од исклучително ретка болест Милер-Вајс која ги напаѓа коските на стапалата и предизвикува силна болка при движење.
Уште во 2005 година, Надал дозна дека страда од болеста Милер-Вајс. Лекарите го утврдија тоа кога претрпе незгодна повреда на стапалото пред повеќе од 15 години.
- Оваа болест е тешко да се открие додека е во рана фаза. Лекарите стануваат сигурни дека станува збор за неа во напредна фаза. Болката се појавува во средината и задниот дел на стапалото, овие делови отекуваат, а болката потоа се пренесува нагоре, преку глуждот до коленото. Додека пациентот оди или трча, ситуацијата се влошува - откриваат лекарите за шпанските медиуми.
Ако оваа мистериозна болест не се сфати сериозно, тоа може да доведе до сериозни последици. Како што ситуацијата се влошува, коските на стапалото се кршат, што бара долго закрепнување. Со цел да се ублажи болката, луѓето кои страдаат од оваа болест користат чевли со специјални влошки прилагодени на коските на стапалата, односно на нивната природна положба, пишува „Курир“.
Болеста на Рафаел Надал му создава многу проблеми со години
Според шпанскиот печат, болеста на Рафел Надал, иако е утврдена пред нешто повеќе од две децении, го мачи уште од раното детство. Славниот тенисер имаше проблеми со стапалата, а професионалниот спорт и напорниот тренинг влијаеа на болката да се пренесе на другите делови од телото.