Борба за престиж: Пеливани ја покажуваат својата надмоќ
Скоро секој трет жител на селото е пеливан, спремен да се впушти во предизвикот.
Пеливанството во селото Студеничани е нешто повеќе од спортско натпреварување. Незаборавна манифестација и привлечност за туристите и за посетителите. И кога силни момци, голи до половината, во кожени пантолони и подмачкани се борат, сè пука од сила.
Овој интересен спорт има многу долга традиција во Македонија, а посебно ја негуваат припадниците на муслиманската религија.
Појавата на пелеванството во нашиот регион е поврзана со пристигнувањето на Турците, а зборот пеливан потекнува од персискиот збор пелеван што значи херој. Во широка смисла на зборот, pelivan означува човек со извонредна физичка способност, кој се занимава со специфична народна форма на борење.
Пеливаните се борат со придружба на зурли и тапани. Борбите се одвиваат на отворен тревен терен. Влегуваат во бојното поле и со посебни зафати почнуваат да се “тепаат”.
Пеливан губи борба ако го допре теренот и со двете рамења, прави мост или полу- мост позиција, се крева од земја до висина на колената или повисоко, или ја предава борбата од која било причина.