Борбата продолжува: Каква е здравствената состојба на Шумахер?
За Мајкл се грижат многу добро. Тој сега живее со семејството во куќа во околината на Женева и се уште се бори, исто како и неговите блиски, изјави поранешниот шеф на Ферари, Жам Тод кој постојано го посетува легендарниот Шумахер...
Новостите околу
здравствената состојба на Мајкл Шумахер се строго чувана тајна. Ретко кога во
јавноста излегува некој детаљ поврзан со неговото опоравување после тешката
несреќа, која ја доживеа во 2013 година на скијање.
После таа несреќа, славниот возач на Формула 1, беше во индуцирана кома шест месеци, а неговото семејство само понекогаш ја известуваше јавноста за неговата здравствена состојба. Иста ситуација е и денес. За него не се знае ништо особено, а единствениот извор кој колку толку ги известува луѓето за легендарната ѕвезда е поранешниот шеф на Ферари, Жам Тод, кој е еден од ретките кои имаат право да го посетуваат Шумахер.
„Секако дека нашето пријателство нема да биде како порано. Не можеме повеќе да комуницираме како на времето“ – изјави Тод. Но, таа информација се уште не открива во каква состојба е навистина Мајкл. Но, Тод признава дека за него се грижат многу добро и дека ништо не му недостасува.
Поранешниот светски првак во Формула 1, после 6 месеци во кома е префрлен од болничка на домашна нега, далеку од очите на јавноста.
Неговата сопруга не сака да откие информации за здравствената состојба, па неретко се појавуваат вести кои не се вистински. Но, информациите кои произлегоа кон крајот на 2018 година покажаа надеж дека Мајкл се подобрува.
Познато е дека Шумахер се лекува во својот дом. Во куќата има и посебна амбуланта и лекари кои секојдневно се грижат за него. Иако, за неговата состојба имаше повеќе шпекулации, вистина е само дека Мајкл не е веќе врзан за креветот и не се храни повеќе преку цевчиња.