Борис Бекер: Ѓоковиќ е во иста лига со Меси и Леброн, тој е „кралот на лавовите“
Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, го спореди српскиот ас со најголемите спортисти во светот.
Имаа успешна соработка; освоија грен слем турнири, а потоа решија да се разделат.
Борис Бекер одамна не му е тренер на Новак Ѓоковиќ, но имаше високо мислење за српскиот ас.
Германецот го спореди Србинот со најголемите спортисти од сивата возраст, Лео Меси, Леброн Џејмс и Том Брејди.
Секој од нив ги помести границите во фудбалот, кошарката и НФЛ.
За него тие се феномен, со оглед на тоа што и во триесеттите доминираат во спортот, потпирајќи се на менталната сила и врвната физичка подготвеност.
- Тој за мене е крал на лавовите. Даваме се од себе да ги научиме љубителите на тенисот на она што е невозможно да се научи: она што овој играч го има освоено во 16 или 17 години од својата кариера и дека на 36 години го игра можеби најдоброто откако се занимава со тенис. Тој освои три Грен Слем оваа година и стигна до финалето на Вимблдон, блиску до календарски Грен слем со 36 години. Ова се достигнувања надвор од оваа планета - му се поклони Бекер на српскиот ас.
Германскиот тренер, некогаш одличен тенисер, смета дека Ѓоковиќ треба да се споредува со најголемите спортисти на сите времиња.
- Можеби треба да гледаме на Новак низ призмата дека не е само најдобар тенисер во моментов, туку и најдобар спортист во светот. Сакам да го споредам со Лионел Меси, Леброн Џејмс или Том Брејди. За мене тоа е категоријата во која е Новак Ѓоковиќ, бидејќи сите доминираат или доминирале во или кон крајот на триесеттите. Се надевам дека Ѓоковиќ ќе продолжи уште долго, бидејќи на младите играчи не може да им се случи ништо подобро од тоа да се натпреваруваат на исто ниво како најуспешниот играч на сите времиња. Тоа е најдобрата лекција во тенис.
ФОТО: Принтскрин јутјуб