Борис Бекер за Ѓоковиќ: Тој има две личности во себе
Борис Бекер е еден од луѓето со кого Ѓоковиќ соработуваше во минатото, па на Германецот му е драго што некогашниот пулен продолжува да реди успеси.
-Небото е граница, односно нема граници. Не е човечки да се биде толку здрав, гладен и инспириран на 36 години. Сите сме љубопитни да видиме каде може да оди. Глад, доверба која станува сигурност. Една недела пред финалето, тој побара од својата придружба да ги испечати овие маици. Затоа што победата му беше цел и беше сигурен дека ќе ја оствари.
-Мислам дека сега ќе се фокусира на грен слемовите и ќе ги игра еден по еден без да размислува за конечната цел. Неговиот најголем квалитет е трансформацијата. Тој е повратник на основната линија и за да го победи Медведев дојде до мрежата, сервираше и волеј. Ги промени плановите. Неговиот голем квалитет е што го прилагодува планот за игра на потребите на натпреварот: секогаш има план Б, Ц, Д… практично целата азбука, -рече Бекер за „Газета“.
Борис воедно откри и некои непознати детали од соработката со Србинот.
-Што најмногу ме погоди за време на нашата соработка? Фактот дека никогаш не беѓе задоволен. Никогаш! Штом освоеше голем турнир, наместо да слави, сакаше да зборува за она што не го направил доволно добро. Му велев Ноле, ајде утре да размислуваме. И ништо не направи, постојано анализираше како може да се подобри.
-Ние сме многу блиски. Ноле има две личности: онаа на теренот и онаа надвор од него. Тој е многу добар човек, сака да прави добро, им помага на децата преку својата Фондација и ако на некој пријател му е тешко, тој е првиот што оди да му помогне – заврши легендарниот Германец.