Борна Чориќ со најголем успех во кариерата, сензационален триумф на Мастерсот во Синсинати

Борна Чориќ  победник  на АТП Мастерс од серијата 1000 на турнирот во Синсинати.

Хрватот до резултатот на кариерата, стигна со победа во  финалето против грчкиот тенисер, Стефанос Циципас со 2-0, по сетови 7-6 и 6-2.

Чориќ испиша историја за себе, но и на турнирот во Синсинати, тој стана најслабо рангираниот тенисер во историјата кој успеал да стигне до мастерс титула, во моментот е на 152. место на АТП листата.

До финалето, Чориќ успеа да го победи  и Рафаел Надал, Шпанецот беше најголем фаворит за титулата.