Босанец купил куќа во Германија за 3.500 евра: Кога почнал да фрла ѓубре доживеал шок - „Отворив една книга...“
Џенан Чишиќ е човек со неверојатна среќа. Кога купил куќа во Германија, не можел ни да сонува дека во неа ќе го најде ова
Во 2014 година Џенан Чишиќ решил да замине од Босна во Германија за да заработи некој денар повеќе. Наместо планираните три месеци, во Германија останал 10 години.
Вели дека нема некој што не го однел во Германија и не му помогнал да си го најде патот.
„Првата работа ми беше во Баустел. Кога решив да одам таму, реков дека немам пари, а тие ми рекоа дека ќе заработам пари. Немам документи - не е важно. Не го знам јазикот - не ти треба. Имаш грб, молчи и работи“.
Така Џенан почнал да работи во градежништво во Германија и самиот вели дека му било срам да каже дека свирел музика во Босна, работел како наставник по музика, како бил обучен музичар кој свири кларинет, а во Германија се занимавал со тешка физички работа.
Џенан со текот на времето го научил јазикот, добил документи, а потоа почнал да работи во ресторан. Така успеал да купи куќа во Германија, а како успеал е неверојатна приказна.
„Веќе не можев да живеам под кирија. Верата не ми дозволува да земам заем. Одлучувам да купам руина, буквално било што само да вложам во нешто свое. Но и тие урнатини во Германија беа скапи. Кога погледнав на интернет, видов дека има такви аукции каде се продаваат куќи.
Испратив околу 75 понуди за оние куќи кои се на лицитација. Пари колку што имав во кеш, таа понуда ја ставав на интернет. И еден ден кога отидов на работа (во меѓувреме почнав да возам трамвај) ми заѕвони телефонот. Жената од другата страна ми рече: „Честито, победи на аукцијата!“
Ја прашував дали цената што ја понудив помина, ми рече да. Понудив 3.550 евра за куќата и ја добив комплет со сето ѓубре и злато и се‘ што имаше во неа.
Починала сопственичката на таа куќа, немало кој да го наследи нејзиниот имот. Куќата била празна цели 3 години и на крајот било одлучено да се продаде на аукција. Нејзината првобитна цена беше околу 6.000 евра, но успеавме да ја спуштиме на 3.550.
Таа била тип на човек кој собира работи, не сакала ништо да фрла. А комшиите што имале расипана машина за перење или слично и ја носеле во дворот.
Имаше околу 40 кубни метри ѓубре. Но, немав ништо против тоа, бидејќи кога го исчистив сето тоа, ми остана куќата. За изградба на куќа во Германија потребни се 17.000 евра само за дозволата. Така и онака бев победник.
11 месеци го чистев сето тоа. За да не фрлам се‘ и плаќам отпад, сликав, ги ставав на интернет и им ги давав на луѓето. Единствено ми беше важно само да бидат работите земени.
Соседите ми рекоа да внимавам внимателно да ги прегледам сите книги и работи што ги остави таа жена. „Можеби може да има нешто таму“, ми рече соседот.
Кога ги видов првите дваесет евра во кујната, никој не беше посреќен од мене. Во еден од пликовите што беше во една книга најдов плик со пари, а сумата беше толку голема што ги платив сите трошоци. Веројатно тоа била нејзината заштеда“, додава Чишиќ.
Џенан истакнува дека не сонувал дека во таа куќа ќе најде нешто вредно, но среќата му се насмевнала „Сумата беше толку многу што ја средив целата куќа и им платив на луѓето кои ми помогнаа да работам“.
Фото и Видео: Youtube