Тренд // Стил
Boss Orange for Men: Моќен мирис за мажи со страст кон животот
Boss Orange for Men од Hugo Boss е зачинет машки мирис, кој беше лансиран во 2011 година. Горните ноти се црвено јаболко и коријандер; средните ноти се темјан и сечуан пипер; основните ноти се Ванила и дрвени ноти.
Boss Orange for Men е моќен мирис кој го отелотворува слободниот, оптимистички и радосен дух на мажот. Маж кој е страстен, лежерен, спонтан и опуштен.
Брендот во 2011 го избра актерот Орландо Блум за својата кампања, бидејќи неговиот изглед, неговиот стил, личност и кул став совршено го отелотворуваат имиџот на брендот Boss Orange.
Boss Orange за мажи е достапен како 60 и 100 ml EDT.
Фото и Видео: Youtube