BRABUS V12 900 – Џип со разорна моќ

Ова е модел Brabus V12 900 кој има 6.3 литарски V12 мотор кој произведува 900 коњски сили и 1200 Nm вртежен момент. 

Иако ова возило тежи 2660 килограми, моторниот чудовиште му дозволува да достигне брзина од 0 до 100 км за само 3,8 секунди, неверојатно забрзување за оваа класа возила.

Неговата најголема брзина е ограничена на 280 километри, иако креаторите веруваат дека ова возило може лесно да ја сруши бариерата од 300 км на час.

Новиот Brabus V12 900 е всушност здружена и трансформирана верзија на Mercedes AMG G 65. Стандардната верзија AMG G 65 изгледа одлично, но моделот Brabus се чини дека изгледа уште посилен, поарогантен и потраен.

Вклучува надградени спојлери, браници. Исто така, има убави 24-инчни црни тркала, како и модерни LED фарови со прекрасна дневна светлина.

Овој модел ќе биде ултра ограничено издание и ќе се произведуваат само 10 модели, а еден ќе чини 660 000 долари, што значи дека некој ќе мора да ја ставиквалитетно да си го „одврзе ќесето“ за да го купи.