Брачен пар загина во одроните во Јабланица. Ги најдоа прегрнати

Вчера Босна и Херцеговина беше погодена од катастрофални поплави и одрони, а досега е потврдена смртта на 17 лица.

Дневни аваз пишува дека во месноста Доња Јабланица во одрони загинала и брачна двојка, а спасувачите ги нашле како се прегрнати. Тие известуваат дека на овој крај животот го загубил уште еден брачен пар. Меѓу загинатите во Јабланица е и 29-годишна трудница.

Од 17 загинати, 13 се од областа Јабланица, а се уште се трага по десетици други.

Еве како изгледаше катаклизмата:


извор. Индекс