Брацо од Хрватска за 3 минути заработува 7.000 евра, а само стои и гледа: На неговите методи за исцелување присуствувала и Наоми Кембел

Отсекогаш имало и ќе има надрилекари и исцелители, но има само неколку во кои луѓето повеќе веруваат. Еден од нив е Јосип Грбавац, попознат како Брацо од Сребрњак.

Јосип Грбавац (56), попознат како Брацо од Сребрњак, е самопрогласен јасновидец кој со својот поглед ги лекува луѓето. Без да каже збор, тој излегува пред толпата и почнува да гледа. Различни се реакциите на луѓето кои дојдоа да го видат Брацо: од плачење до смиреност и среќа.

Пред неколку години австриските медиуми го посетија неговиот настап во Фосендорф кај Виена, каде за само еден ден заработи повеќе од 7.000 евра само стоејќи и гледајќи ги посетителите. „Тој стоеше во салата и тивко ги гледаше луѓето точно три минути и 47 секунди. После тоа, тој се симнал од бината и ја напуштил салата. За што размислувал во тие моменти, никој не знае. Многумина плачеа, трепереа, а некои за малку ќе се онесвестеа“, напиша австрискиот портал Космо.ат.

Кој е навистина Брацо од Сребрњак?

Роден во Загреб, Брацо магистрирал економија, но неговата судбина тргнала по неочекуван пат кога го запознал Ивица Прокиќ, самопрогласен пророк кој верувал дека добива посебни лековити моќи од Сонцето. Прокиќ тврдеше дека сончев зрак го удрил во глуждот, давајќи му неверојатни способности кои ги пренесувал преку купиштата златен накит со кој се украсил.

Брацо влезе во кругот на Прокиќ и набрзо стана негов најверен следбеник. По смртта на Прокиќ во 1995 година, кога се удави во Јужна Африка, Брацо ја презеде неговата духовна улога и го задржа најголемиот дел од неговата придружба, пишува Нова.

Смртта на Прокиќ ја одбележаа чудни настани. Имено, Брацо бил сам со Прокиќ на плажата кога наводно бил однесен од бран.

Брацо зел дел од накитот на Прокиќ и на тој начин симболично ја продолжил својата духовна улога. По смртта на неговиот ментор, Брацо почна лично да се гледа со луѓето, но се префрли на групни сесии. Тој не зборува јавно од 2002 година и има само една стара снимка од неговиот глас.

Во 2016 година за Брацо и неговата моќ беше снимен филмот „Моќта на тишината“ на Јаков Седлар, а филмот беше прикажан во Њујорк и Лос Анџелес.

Покрај Брацо, во тој филм се појавија и познатата манекенка Наоми Кембел и актерката Енди Мекдауел, актерот Арманд Асанте и писателот Пауло Коељо.

Фото: Принтскрин/Јутјуб
Извор: Stil.kurir.rs