БРАК ВО КРИЗА? Потегот на Бен Афлек кој зборува погласно од зборовите, многу жени би полуделе по ова (ВИДЕО)
Дали љубовта на Џенифер Лопез и Бен Афлек избледе?
По новото видео кое брзо стана вирално, многумина се прашуваат дали бракот на Џенифер Лопез и Бен Афлек е во криза. Видеото на кое Бен Афлек бесно ја удира вратата од автомобилот на неговата сопруга Џенифер Лопез стана вирална за еден час.
Актерот не престана да се мршти додека папараците ги снимаа за време на нивното излегување на кафе, а ситуацијата „кулминираше“ неочекувано, поради што многумина се запрашаа што не е во ред со нивниот брак.
Имено, Афлек џентлменски ѝја отворил вратата на својата сопруга, но тој почнал да ја затвора вратата уште пред таа да влезе, а потоа тоа го направил на многу помпезен начин – за малку ќе и ја треснал вратата во „лице“.
Секако, коментарите не изостанаа, а иако е јасно дека Афлек е видно изнервиран од папараците кои ги следат, многумина напишаа дека знаел каква е ситуацијата кога повторно се вратил во врска со Џенифер Лопез и дека „има нема потреба тој да се однесува вака“.
Во последно време се добива впечаток дека работите меѓу нив не се баш најдобри, почнувајќи од премиерата на нејзиниот филм, кога проверуваше дали пие, преку доделувањето на Греми наградите, кога Лопез постојано го опоменуваше за неговото однесување, сè до овој неодамнешен „инцидент“.
„Вака изгледа незадоволен маж“, „Не го разбирам ваквото однесување“, „Но како ја тресна вратата, ова е ужас“, „Изгледа толку „среќно““, „Ова не е љубов“ , „Како ја тресна вратата... нешто не е во ред“, напишале луѓето под видеото кое го погледнале неколку милиони луѓе.
Само Бен и Џенифер знаат дали има проблеми во нивната врска или едноставно му е премногу да ги следат насекаде, но експертите тврдат дека ваквото однесување може да биде еден од јасните показатели дека воопшто нема љубов или дека емоциите едноставно „испаруваат“.
Фото: Профимедиа
Видео: Инстаграм