Забава // Занимливости
Браќа близнаци добија три пара близнаци и сите шест се момчиња
- 04 Јануари, 2020
Еднојајчаните близнаци Џон и Дејв Винстејнли од британскиот Congleton добија три пара близнаци, со тоа дека Џон доби два пара близнаци во две години.
Деловниот аналитичар Џон и неговата сопруга Џејни станаа родители на двојајчаните близнаци во 2016 година. Момчињата се викаат Џејмс и Џошуа. Набрзо по тоа, во 2017 година, братот на Џон, Дејв и неговата партнерка Еми ги добија Сет и Џејк, исто така двојајчани близнаци. Во меѓувреме Џејни уште еднаш остана бремена и во 2017 година ги роди Џек и Џоел, повторно двојајчани близнаци.
Сопругите им останаа бремени брзо една по друга. Па така овој пар браќа ненадејно брзо се најде со куќа полна деца.
Се верува дека ова е прв ваков случај во Велика Британија.