Живот // Живот
Бракот ми значи многу, прво љубов па бебе: Розга се разголе и проговори за приватноста
Хрватската пејачка Јелена Розга искрено проговори што мисли за бракот, по раскинувањето на врската со музичарот Стјепан Хаусер пред скоро 4 години.
„Бракот е избор. По мое мислење, многу е поважно да имате разбирарање за својот партнер, да бидете искрени, да бидете присутни. Бракот е само хартија. За мене тоа значи многу, секако го почитувам. На сите нас ни е потребен ми се чини само еден совет. Да бидеме луѓе, но во онаа вистинска смисла која е заборавена денес“, изјави Розга пред извесно време за српски „Информер“.
„Сакам само да сум здрава, а другото е лесно. Посакав дуетот кој го работам добро да помине и да ми се случи љубов. Прво љубов, па потоа бебе“ изјавила Розга.
Во последно време, Јелена сè почесто ја поврзуваат со хрватскиот готвач Иван Пажанин кој има своја емисија на RTL, Guštan … s Pažaninom, а ги краде воздишките на женската публика со извајаното тело.