Браво Македонијо: Ракометарите со победа во последните секунди со Украина

Европско првенство во ракомет за мажи организирано од Европската ракометна федерација кое започна вчера,а прв пат се игра во три земји- Австрија, Норвешка и Шведска, веќе ги дава првите резултати.

Македонија вечерва го одигра првиот меч во Виена против селекцијата на Украина и играта ја круниса со победа. Во напнат меч и под притисок на корпулентните украинци првото полувреме заврши во наша корист со резултат од 13:10, ама второто полувреме беше крајно неизвесно. Победивме во последните секунди со резултат од 26:25.

Филип Талески беше прогласен за играч на мечот.