БРАВО ШАМПИОНИ: ЕХФ пресуди 10:0 за Алкалоид во случајот со АЕК

Европската ракомента федерација донесе одлука за случајот Алкалоид и АЕК, кои не го одиграа вториот финален натпревар во рамките на ЕХФ Европскиот Куп, откако гостите одбија да излезат на теренот.

Екипата на Алкалоид е освојувач на ЕХФ Европскиот КУП, одлучи дисциплинското тело на Европската ракометна федерација – ЕХФ која го регистрираше реванш натпреварот од финалето на ова натпреварување со службен резултат од 10:0 во корист на македонскиот претставник, откако екипата на АЕК одби да го одигра мечот под притисок на своите навивачи.

Според ЕХФ, со одбивањето да го одигра мечот, грчкиот клуб ги прекрши релевантните прописи на ЕХФ и Судот донесе одлука натпреварот да се регистрира со резултат 10:0. Од европската ракомента федерација потенцираат и дека секоја жалба против одлуката нема да има никаков ефект.

Во меѓувреме, посебните дисциплински постапки во врска со одбивањето да се игра натпреварот, поврзаните штети и распределбата на билетите, се уште се во тек.