Бразилски политичар ја шокираше јавноста со изјавата дека 13-годишниците се доволно зрели за работа
Политичар од Бразил на
Твитер објави дека
13-годишниците се доволно возрасни и зрели за да работат доколку се зрели да освојат олимписки медали на
Игрите во Токио, кои се во тек.
Состенес Кавалканте (46) од Бразилската демократска партија, предложи ревизија на законот за забрана на детскиот труд во земјата.
Имено, законот во Бразил не дозволува работа за лица помлади од 14 години, а Кавалканте смета дека 13-годишната скејтбордистка Рајса Леал, која освои сребро, докажува дека и помладите луѓе би можеле да излезат на пазарот на трудот.
Леал е еден од многуте млади спортисти кои се натпреваруваат на Летните олимписки игри и се запиша во историјата како најмладиот освојувач на медали во последните 85 години.
As crianças brasileiras de 13 anos não podem trabalhar, mas a skatista Rayssa Leal ganhou a medalha de prata na Olimpíadas… Ué! É pra pensar… Parabéns a nossa medalhista olímpica! E revisão do Estatuto da Criança e Adolescente já!
— Sóstenes (@DepSostenes) July 26, 2021
„Децата во Бразил на 13 -годишна возраст не можат да работат, но Рајса Леал освои сребрен медал на Олимпијадата. Еј! Тоа е за размислување. Честитки за нашиот освојувач на медал и сега да го преиспитаме Статутот на деца и адолесценти", напиша Кавалканте на португалски на Твитер.
Неговиот коментар предизвика бурна реакција на социјалните мрежи. Бразилскиот дипломат, Пауло Пинеиро Џуниор, го нарече коментарот на Кавалканте апсурден.
„Колку е искривен погледот кога мислите дека детето што се занимава со спорт е исто како и детето што работи. Ова е апсурдно", коментира Пинеиро Џуниор.
„Нема споредба на детскиот труд и медалот на Рејса. Децата треба да учат, да играат, да спортуваат. Работата значи дека немате време за ништо од тоа", коментира бразилскиот сенатор Пауло Роча.
Според извештајот на веб -страницата Естадо де Минас, во Бразил, приближно 2,5 милиони деца на возраст од пет до 17 години работат илегално. Работните места вклучуваат домашна работа, земјоделство, градежништво и трговија со дрога.
Фото: EPA-EFE