Бред Пит чека дете на 29 години помладата девојка? Извори блиски до парот открија дека познатиот актер ќе стане татко по седми пат
Бред Пит (60) веќе две години се поврзува со 29 години помладата претприемачка Инес Де Рамон, а иако папараците се трудат да бидат во чекор со нив, овој вљубен пар се обидува на секој начин да ја скрие својата приватност. Но, тие привлекоа големо внимание во јавноста со нивното заедничко појавување на 81. Филмски фестивал во Венеција.
„Не би ме изненадило ако е веќе бремена“
Сега се појавија гласини дека новата партнерка на Бред (31) наскоро би можела да стане мајка. Анонимен извор открил за порталот In Touch дека Бред и Инес наскоро би можеле да ја објават среќната вест.
Врската на Бред и Инес станала многу сериозна, таа се вселила во неговиот дом и разговарале за бебето. Можеби за некого е шокантно, но блиските не би се изненадиле доколку таа е веќе бремена. Но, Бред е во подобра форма од повеќето мажи на негова возраст и дефинитивно не би бил првата холивудска ѕвезда што ќе има дете со многу помлада жена“, изјавил близок извор, според Мондо.
Додал и дека споменатиот пар е многу заљубен, а иако не планираат венчавка, Бред често истакнува дека Инес е наједноставната жена со која некогаш бил.
Децата кои ги има со Анџелина едно по едно се откажуваат од својот татко
Бред често го поврзуваа со бројни жени, но јавноста се сеќава на неговата љубов со актерката Анџелина Џоли, со која има шест деца. Двојката помина повеќе од десет години заедно, а се венчаа во 2014 година на интимна церемонија во Франција, опкружена со децата и семејство. Сепак, бракот траеше само две години, а по скандалот во авионот започна жестока битка на суд за старателство над децата и поделба на имотот.
Несогласувањата се уште траат, а најстарите деца оваа година едно по едно се откажуваат од презимето на Бред.
Анџелина и Бред посвоија три деца: Медокс, Захара и Пакс, а биолошки имаат три деца: Шајло и близнаците Нокс и Вивиен.
Фото: ИнстаграмИзвор: Kurir.rs