Бред Пит пц*е на српски јазик на свадба и Јутјуб гори поради оваа сцена: Еве како тоа звучи, додека на нишан го држи Клуни
Дел од филмот „Волци“ на режисерот и сценарист Џон Вотс изненади многумина бидејќи може да се слушне како Бред Пит, кој во оваа продукција ја игра главната улога со Џорџ Клуни, пцуе на српски јазик. Таа сцена добива многу коментари.
Во американската акциона комедија, Бред Пит и Џорџ Клуни играат криминалци кои се ангажирани во истиот случај, иако многу претпочитаат да ја вршат работата како осамени волци .
Филмот беше премиерно прикажан на 81. Филмски фестивал во Венеција, во септември годинава, надвор од конкуренција. Имаше ограничено издание во кината во САД, а потоа и на стриминг преку Apple TV+.
На видеото од Јутјуб има пресметка меѓу Клуни и Пит на свадбата, а на крајот од таа сцена Бред пцуе: „Пи*** матер***“.
Слушнете:
Од друга страна, Анџелина Џоли во јавноста се појави со синот Пакс, кој на Бред Пит јавно му се обрати со остри зборови.
Во делот од филмот каде Пит пцуе, се појавува хрватскиот актер Златко Буриќ кој на познатите колеги им порачува: „Смирете се, ќе ве изедам!“. Додека Буриќ глуми руски мафијаш, некои мислат дека тоа е грешка која му промакнала на сценаристот. Или сепак не е грешка...