Бред Пит во улога на моден дизајнер- Бриони и облека со негов потпис

Славниот актер, продуцент и произведувач на шампањ, се обиде и како моден дизајнер, благодарение на новата соработка со брендот Бриони

Холивудскиот шармер се здружи со италијанската модна куќа заедно да лансираат ексклузивна колекција, која се базира на неговиот префинет, машки стил. Пит е заштитно лице на брендот Бриони од 2019 година, а редовно носи комплети со нивните потписи на црвените теписи. Сепак, овој пат, брендот во сопственост на конгломератот Керинг, за прв пат, се здружи со својот амбасадор за да создаде нова колекција.

Соодветно именувана како BP Signature, колекцијата од седум парчиња комбинира палета на пригушени тонови со игра на текстури, додека преферира ненагласениот, лежерен стил по кој е познат добитникот на Оскар. Линијата се состои од парчиња  вклучувајќи костум, кашмир јакна, долг, лесен џемпер од кашмир и мантил.

Постои и вечерен изглед кој е особено инспириран од облеката што славниот актер ја носеше на 92. доделување на Оскарите минатата година, каде ја освои категоријата за најдобра споредна машка улога во филмот „Беше еднаш во Холивуд“, кој вклучува кадифена јакна и соодветни волнени панталони, заедно со елегантна памучна кошула.

„Освен што е една од највлијателните sвезди во Холивуд, и пред и зад камерата, Пит е икона на стилот, олицетворение на лежерната елеганција на современ човек со зачудувачка ноншалантност и грациозна самодоверба . Неговиот личен стил, во комбинација со изработката на Бриони, доведе до уметничка идеја за создавање на BP Signature “, велат од познатата марка.

Покрај сето тоа, секое парче од колекцијата носеше ексклузивна етикета со потпис на славниот актер, додека цените на парчињата се движат од 550 до скоро 4.100 €.


Фото: Robb Report