,

Breitling со нов официјален часовник за IRONMAN натпреварувањето

Триатлонот се здружи со познатиот бренд за часовници, за да оддадат чест на своите спортисти..

Откако Џорд Керн стана извршен менаџер на „Breitling“ брендот пред две години, го пренасочи брендот кон сосема нов правец за да го ревитализира. Дел од неговата стратегија беше ангражирањето на група актери и спортисти кои ќе им помогнат во промоцијата. 

Пред некое време Адам Драјвер беше во бутикот на „Breitling“ со цел да ја одбележи соработката со „Norton Motorcycles“ и стана дел до тимот на брендот во кој се наоѓаат Шарлиз Терон и Бред Пит.

Оваа недела осумкратната победничка на „Ironman World Championship“, Пола Њуби Фрејзер исто така го посети салонот на „Breitling“ во Њујорк со цел да ја одбележи соработката на „Ironman“ со швајцарскиот бренд.

Новиот модел на „Breitling“ ќе биде многу важен за натпреварувачите на овој триатлон. Часовникот е дел од „Superocean“ колекцијата со дијаметар на куќиште од 44 мм и нерѓосувачки челик со црн бројчаник. Тој доаѓа со „Diver Pro III“ гумено ремче, а механизмот кој го движи е „Breitling Caliber 17“ кој има резервна енергија од 38 часа, а водоотпорен е до длабочина од 1000 метри.

Само триста вакви модели ќе бидат достапни за продажба, а преку 200.000 натпреварувачи годишно се пријавуваат на „Ironman“ натпреварувањето, така да доколку го сакате овој модел резервирајте го пред да започне трката.