Британски експерт тврди: Делта сојот го прави создавањето на колективен имунитет „митски“, но вакцините штитат од тешка болест и смрт
Постигнувањето имунитет на стадото „не е можност“ со сегашната варијанта Делта, рече шефот на Оксфордската група за вакцини.
Зборувајќи за пратениците во вторникот, професорот Сер Ендрју Полард рече дека фактот што вакцините не го спречуваат ширењето на ковид, значи дека постигнување на прагот за севкупен имунитет кај населението е „митски“.
„Проблемот со овој вирус не е како со мали сипаници. Ако 95 отсто од луѓето беа вакцинирани против мали сипаници, вирусот не може да се пренесе кај населението“, рече тој.
„Варијантата Делта се уште ќе ги инфицира луѓето кои се вакцинирани. И тоа значи дека секој што се уште е невакциниран во одреден момент, ќе го сретне вирусот ... и ние немаме ништо што целосно ќе го запре тој пренос“, вели тој.
Иако постојните вакцини се многу ефикасни за спречување на сериозни заболувања и смрт од ковид, тие не спречуваат целосно вакцинирано лице да биде заразено со вирусот.
Концептот на стадо или имунитет на популација се потпира на големо мнозинство од населението кое добива имунитет - или преку вакцинација или претходна инфекција - што, пак, обезбедува индиректна заштита од заразна болест за невакцинираните и оние кои никогаш претходно не биле заразени.
Податоците од неодамнешната студија „Реакт“ спроведена од Империјал колеџ во Лондон сугерира дека целосно вакцинираните луѓе на возраст од 18 до 64 години имаат околу 49 отсто помал ризик да бидат заразени во споредба со невакцинираните луѓе. Наодите, исто така, посочија дека целосно вакцинираните луѓе имале приближно три пати помали шанси да бидат позитивни откако ќе стапат во контакт со некој што имал Ковид (3,84 отсто, што е намалување од 7,23 отсто).
Околу 75 отсто од сите возрасни во Обединетото Кралство сега ги добија и двете дози.
Секретарот за здравство, Саџид Џавид, во вторникот рече дека се во план да започнат да се нудат засилувачи на вакцините на најранливите групи во Велика Британија од следниот месец.
Но, Полард - кој претседава со Заедничкиот комитет за вакцинација и имунизација, праша дали ќе бидат потребни засилувачи.
„Ќе има засилувачи ако видиме докази дека има зголемување на хоспитализацијата - или следната фаза после тоа, што би биле луѓе кои умираат - меѓу оние кои се вакцинирани. И тоа не е нешто што го гледаме во моментов“, рече тој.
Дури и ако нивото на антитела предизвикано од вакцина се намали, нашиот имунолошки систем веројатно ќе ја памети вакцинацијата со децении и ќе понуди одреден степен на заштита доколку е изложен на вирусот, рече тој. „Значи, во моментов нема причина за паника. Не гледаме проблем со пробивни тешки заболувања“, рече Полард.
Извор: Гардијан