Бритни Спирс доживеа нервен слом среде полн ресторан: Нејзиниот сопруг побегна (ВИДЕО)

Пејачката Бритни Спирс наводно доживеала нервен слом во ресторан во Лос Анџелес во петокот вечерта, поради што дури и нејзиниот сопруг Сем Асгари го напуштил ресторанот.

Спирс беше фатена во петокот во ресторан во Лос Анџелес, каде вечераше со нејзиниот сопруг Сем Асгари. Ресторанот бил полн со посетители, кои веднаш ја препознале пејачката и почнале да ја снимаат. Штом Спирс забележала дека сите ја снимаат со своите телефони, таа добила нервен слом.

Таа почнала да вика и да зборува глупости, како што тврдат другите гости во ресторанот, не на друг јазик, туку со непрепознатлив говор. Нејзиниот сопруг поради тоа се изнервирал и истрчал од ресторанот. Набргу потоа телохранителот на пејачката ја извадил Бритни од ресторанот и се вратил да ја плати сметката.


Фото: Инстгарам - Printscreen - колаж

Видео: Youtube